JUBIZOL Finish Summer additive

Додаток за малтери (JUBIZOL UNIXIL Finish, akrilni, silikonski)

Опис

Додаток за зголемување на отвореното време за зацврстување на малтерите, се употребува со малтерите JUBIZOL Acryl Finish, JUBIZOL Unixil Finish, JUBIZOL Silicone Finish. Овозможува вградување на малтерот при високи температури од 25°C до 35°C и при ниска релативна влажност на воздухот. Со додавање на адитивот отвореното време на сите набројани малтери скоро се удвојува, зависно од условите на вградување на завршниот малтер. За дополнителна заштита се препорачува употреба на заштитни завеси при нанесувањето и сушењето, бидејќи со тоа се обезбедува дополнително смалување на влијанието на непогодните временски прилики (директно влијание на сонцето, верет или ниска влага). 

Употребата на адитивот се препорачува при ветровито време и при температури од 25 до 35°C. При употребата на адитивот релативната влажност на воздухот не треба да биде поголема од 50 %. При ниски температури и висока релативна влажност на воздухот употребата на додатокот JUBIZOL Finish Summer additive не се препорачува, бидејќи со додавањето на адитивот, врмето на сушењето на малтерите многу се зголемува.  

Додатокот за зголемување на отвореното време на малтерите, не ја менува избраната нијанса на малтерите. 

Детали

Подготовка и нанесување 
Мешање

Амбалажа

Канта 1,25 kg.

 

Пред употреба, детално прочитајте го техничкиот и сигурносниот лист.

Својства 
JUBIZOL sistem
Додаток за зголемување на отвореното време за зацврстување на малтерите
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk