Правно известување

Општи услови за користење на интернет страната Jub

1. Увод
Во продолжение на ова известување, „интернет страница“ е поим кој ги опфаќа сите интернет страници на адресата www.jub.si.

2. Содржина на интернет страната
Сите содржини кои се наоѓаат на интернет страната се од информативен карактер и пред сè служат за информирање. Jub се обврзува дека ќе стори сè што е во негова моќ, за податоците на страната да бидат точни, интересни и квалитетни. При тоа не одговара за можните печатни грешки, задоцнувања и недостатоци настанати при внесувањето и ажурирањето на податоците.

3. Заштита на авторски права
Оваа интернет страна е исклучива сопственост на Jub и затоа е забранета секаква злоупотреба на податоци, слики, текстови и други податоци кои се дел од оваа интернет страна. Забрането е било какво копирање, дистрибуција, или друга употреба на горе наведените податоци, без претходно знаење и одобрување од страна на Jub.

4. Заштита на приватноста
При првата посета на страната, на Вашиот компјутер се зачувува „колаче“ кое можете сами да го отстраните, или со соодветни прилагодувања да го спречите да се зачува. „Колачињата“ се мали датотеки со кои се овозможува подобра комуникација со интернет страната и со нивна помош интернет страната ги прифаќа вашите лични прилагодувања. Важно е да се знае дека преку тие датотеки никако не е можно да се дојде до Вашите лични податоци кои се на Вашиот компјутер, освен оние кои се јавно достапни (типот на пребарувачот, типот на оперативниот систем итн.). Податоците кои ќе ги впишете на интернет страната поминуваат низ интернетот во незаштитена електронска форма и им се достапни и на трети лица. Заради безбедност на Вашиот идентитет и приватност, не ги впишувајте личните податоци, кои не сакате да бидат познати.

5. Надворешно поврзување
Делови од нашата интернет страна се поврзани со страни кои не се дел од нашата интернет страна. За содржините на тие интернет страници не превземаме никаква одговорност.

6. Промена на условите
Jub го задржува правото на промена на општите услови, без претходно предупредување. Промените почнуваат да важат веднаш по нивното објавување. Поради тоа, при секоја посета на нашата страница внимателно прочитајте ги правилата и условите за користење.

7. Судска надлежност
За толкувањето и за сите правни прашања во врска со користењето на материјалите кои се објавени на овие интернет страници, меродавно е исклучиво словенското право. За решавање на барања и спорови поврзани со користењето на споменатите материјали, надлежен е судот во Љубљана.

8. Заклучок
Со пристапувањето на интернет страната, согласни сте дека сте запознаени со сите горе наведени услови.

Ви посакуваме пријатен посета!

Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk