Теорија на боите

Значење на боите

Каде и да погледнеме околу нас, го гледаме Светот во боја. Секој од нас ги чувствува боите на свој единствен начин. Бојата е лично, емотивно доживување, кое во мозокот го предизвикува светлината која паѓа во окото. Перцепцијата на бојата е комплексен процес, каде што учествуваат светлината, објектот, окото и мозокот. Физички пак, боите ги дефинираме како електромагнетно бранување со  различни фреквенции и бранови должини.

Ние луѓето сме свесни, дека боите во нашите домови ја изразуваат нашата личност и нашиот вкус, но преголемиот избор на бои и нијанси може брзо да не збуни и да не исплаши. Всушност, боите се најфлексибилниот елемент во дизајнирањето и естетиката на нашиот дом. Флексибилноста ја овозможува изборот на илјадници нијанси, па затоа изборот на боите е последен на листата при опремувањето на просториите, бидејќи овозможува едноставно поврзување и прилагодување на сите елементи во просторот (теписи, завеси, мебел итн.).

 Пред одлуката за изборот на боја, добро е да се одговори на следниве прашања:

  • Каква е намената на просторот кој што треба да се обои?
  • Кој го користи просторот?
  • Каква е природната светлина во просторот?
  • Како ќе биде уреден просторот (мебел, стил, карактеристики...)?
  • Кои бои се присутни во соседните простории?
  • Какви чувства и емоции ни буди просторот?

 

Jub Design Studio

Пристап

Тон карта

Погледјате
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk