Трговската марка JUPOL веќе 45 години на пазарот

Претпријатието JUB е најстар производител на ѕидни бои во Словенија. Неговата историја досега до 1875 година, кога започна настанувањето на ѕидни премази од мелена и пигментирана глина, а подоцна пак, производите кои технолошки му одговараа на развојот на оваа стопанска гранка.

JUB, кој е денеска успешна мултинационална компанија, името го добил од кратенката „Jugoslovenska industrija ulja i boja“, кое настана во 1919 година и преку одржувањето на традицијата и историските вредности во името на корпоративната трговска марка, го заслужува целото почитување.

JUB на пазарот е препознатлив по своите внатрешни ѕидни бои, помеѓу кои најуспешна стана JUPOL, бела дисперзивна боја, која што купувачите ја преферираат веќе 45 години. Бојата JUPOL денес ја купуваат седум од десет купувачи, а со неа годишно пребојуваме повеќе од 200 милиони квадратни метри ѕидни површини. Досега JUB дома и во странство, а особено на европските пазари, има продадено повеќе од 900 илјади тони од оваа боја, што е еднакво на 37 милиони канти од 15 Литри. Во изминатите 45 години е произведено толку JUPOL, што би можело да се пребојат околу 20 милиони двособни станови.  Доколку целата оваа боја би ја наредиле во камиони, колоната од камиони би била долга од Љубљана до Рим!

JUPOL Classic е боја која не е штетна по здравјето и околината, направена на водена база и е едноставна за употреба и одржување.

Во 45 годишниот развој, последното подобрување со нова формула JUPOL Classic го доживеа во 2013 година, при што со својата ефикасност отсега на корисниците им овозможува боење на 20 проценти повеќе ѕидни површини.

 

Бојата JUPOL е создадена во 1969 година. Оваа подготвена дисперзивна боја, денес е најмоќната трговска марка на JUB, која што JUB постојано ја прилагодува на потребите на купувачите, како со постојаното подобрување на рецептурата, така и со развојот на амбалажата.

Последните седум години оваа боја е и добитник на признанието „ Trusted brand“, што докажува дека ужива најголема доверба кај купувачите, а исто така го носи и печатот „Производ на 2014 година“, како и „Best Buy Award 2013/2014“.

JUPOL Classic во Февруари 2014 година го доби печатот „Производ на 2014 година“, како најиновативен производ во категоријата на внатрешни ѕидни бои. Оваа награда му ја доделија словенските потрошувачи, кои преку испитување на јавното мислење, го препознаа како најдобар производ на домашниот пазар.

Врз основа на искуствата и задоволството на проектантите, инвеститорите и вработените во градежната и архитектонската струка, преку швајцарското истражување JUB го доби признанието „ Best Buy Award 2013/2014“.

Трговската марка JUPOL, во категоријата бои за домот е највредна трговска марка со најмногу доверба. Така одлучија словенските потрошувачи, кои помеѓу читателите на ревијата Reader's Digest, во едно од најголемите истражувања на потрошувачите во Европа, веќе седма година по ред му го доделуваат престижното признание Trusted Brand 2014.

Симболот на довербата им станува важен водич на сите потрошувачи, кои за три пати повеќе посегнуваат по производите со ваква ознака.

Почетоците и развојот на трговската марка JUPOL

Фабриката JUB, која низ децениите успешно се прилагодуваше на технолошките промени, почетоците на побрзиот подем особено ги забележа во шеесеттите години на минатиот век.  По успехот на Juboflor, во 1969 година JUB на пазарот му ја претстави подготвената дисперзивна боја  JUPOL, која настана со комбинирање на својствата на Jubocolor и Juboflor*.

Од таму и името JUPOL – пола (pol ) од бојата Јubocolor и пола (pol ) од бојата Juboflor, JU(B)POL.  Поради тоа, молерите особено, ја нарекуваат полудисперзивна боја.

Нејзина прва амбалажа беа салонитни садови, а подоцна во 1972 година, нив ги заменија пластични канти, на словенски наречени hoboki.

*

Juboflor (1960-1982) беше направен врз база на целулозни згуснувачи како врзива кои го заменија лепилото и премазите на база на лепило, кои во тогаш поразвиената Европа веќе почна да ги истиснува врзивната дисперзивна боја.  Своето име во 1960 година го доби според својот автор Florjan Regovеc (JUB + FLOR-jan). Се продаваше во сува состојба, а содржеше минерални врзива како што се калцит и каолин. Неговата предност беше тоа што тој беше веќе нијансиран и лесно беше да се нанесе на ѕидот, по негово накиснување во вода од околу 12 часа, обично еден ден пред употребата. Нанесувањето беше можно со молерски валјак. Бојата можеше да се купи во пластични  вреќички од по 1 килограм. Така молерот веќе не беше неопходно потребен и со тоа започна ерата на направи сам.

Juboflor многу го забрза развојот на тогашната фабрика JUB, која со него стана позната по цела Словенија и Југославија, а својот врв го достигна во 1976 година со производство од 4.600 тони годишно. Трговската марка Juboflor во 1982 година ја превзема Cinkarna Celje, која го снабдуваше JUB со бел пигмент, со што се овозможи извонреден успех на дисперзивните бои на пазарот, на чело со бојата JUPOL.

Jubocolor, дисперзивна боја, по 1961 година беше првиот производ на JUB врз база на модерно дисперзивно врзиво, а JUPOL Gold е денес негов наследник.

 

Со бојата JUPOL почнува стрмниот подем и развој на фабриката JUB и JUPOL е и денес најважниот производ на JUB. Околу 70% од бојата JUPOL, JUB ја извезува во повеќе од 15 европски држави, каде што со својата трговска марка успешно се натпреварува со познатите и моќни европски конкуренти. Производството на бојата JUPOL се одвива во погонот во Дол и во производното претпријатие во Шимановци, Србија, на веќе третата генерација на производна опрема.

Florjan Regovec- таткото на трговската марка JUPOL

Авторот на и денес водечката трговска марка JUPOL, која почна да се воведува 1975 година, беше тогашниот технички директор  на фабриката JUB, Florjan Regovec, кој како хемиски техничар се вработил во JUB уште 1955 година.

Florjan Regovec во 1971 година стана и директор на JUB.

Во 1972 година ЈUB веќе го доби и првиот оддел за развој во рамките на техничкиот сектор и во него беа вработени развоен инженер и техничар.

Една година подоцна во него се вработи и хемискиот инженер Franc Bernad, кој за пет години го превзема раководењето на одделот и учествуваше во развојот на рецептурите на бојата JUPOL во следните три децении.

 

 

Архива на записи од развојната и апликативната област во тоа време во JUB скоро и да немаше. Во развојниот оддел постоеја два документа од областа на ацетатните и акрилните производи. На Regovеc треба да му се припишат заслугите за два производа, кои на пазарот постигнаа голем комерцијален успех – внатрешната ѕидна боја JUPOL и прсканиот фасаден малтер JUBOLIT.

Во 1972 година, со изградбата на реакторот за полимеризација, Florjan Regovec се погрижи JUB во соработка со други претпријатија, помеѓу останатото, да има и сопствена полимеризација на врзива за дисперзивни премази на водена база, што влијаеше на развојот на марката  JUPOL, а воедно беше основа за развој и на фасадни и подни акрилни премази.

Во 1975 година, со 200 вработени, JUB годишно продаваше 11.000 тони сопствени производи. Во тоа време, во одделот за развој беа развиен и DIPI пигментите, кои во 1981 година беа усовршени.

Florjan Regovec до 1979 бдееше над развојот на производите и воведуваше новитети во производството, при што имаше слух за искуствата на молерите и фасадерите и ги почитуваше нивните предлози и идеи. Затоа, покрај неговото име и покрај името на марката JUPOL се појавуваат и презимето на молерот Naglič и директорот  Vojnik, кои во тоа време раководеа со претпријатието Slikar Maribor, а при развојот на други производи пак се појавуваат презимиња и на други надворешни соработници како што се: Brunner, Satler, Kržan и професорот Vizovišek.

Со доаѓањето на Štefan Hoyer почнуваат да се градат темелите на денешното успешно меѓународно претпријатие JUB

 

Во 1976 година тогашниот комерцијален директор Izidor Furlan го зајакна продажниот оддел со нови соработници. Работното место раководител на продажба го превзема економистот Štefan Hoyer, кој речиси целиот свој работен век му го посвети на JUB. Во 1977 година стана директор на комерцијалниот сектор, кој го водеше се до 1982 година, а потоа го превзема целосното раководење со JUB, како генерален директор.

Брзото ширење на асортиманот од премази и пазарниот успех на бојата JUPOL по 1975 година, беа причина за големиот развоен чекор на JUB, кој во 1979 година изгради нов и модерен погон за производство на дисперзивни премази на нова локација, во новата индустриска зона во Дол, што овозможи натамошно ширење на зоната во наредните години, константна модернизација на производството и изградба на нови објекти за производство и складирање.

Од 1980 до 1990 следеше период на ограничување на увозот на суровини и недостаток од постројки и опрема, што во голема мерка го попречуваше стопанскиот развој на сите стопански гранки, бидејќи можеше да се увезува само со сопствени девизни средства.  Во тоа време во JUB настанаа Marmorin и внатрешниот премаз Belol, кои JUB ги продава и денес, а новина во продажбата беа и био варовите внатрешни и фасадни бои.

 

JUPOL по 1996 година бележи раст на продажбата и покрај загубата на Југословенските пазари

Со либерализацијата на увозот во деведесеттите години, JUB го интензивираше развојот на прашкастиот програм,  при што настанаа многу нови производи, меѓу кои и силикатната фасадна боја, која ја разви Franc Bernad за фасадата на Љубљанската Францисканска црква. Како одговор на „ DIVO“, настанаа и концентратите Revitalcolor AG, JUPOL Concentrat, а поради увезените калцитни полнила, многу тестирања се правеа и на JUPOL.  Исто така JUB почна да увезува и лабораториска опрема, меѓу која ги издвојуваме: климатските комори, колориметриска опрема и разна аналитичка опрема. И покрај загубата на пазарите на Југославија, која во 1992 година предизвика пад на продажбата за 55%, добрите деловни потези на раководството, со Štefan Hoyer на чело, во наредните години ја извлекоа фабриката од кризата.

По распадот на Југославија и новиот Закон за приватизација, JUB во 1994 година стана првото регистрирано акционерско друштво во Словенија. JUB доби нова Управа и својот прв Надзорен одбор. Производството и продажбата почнаа нагло да растат. Во 1996 година JUB веќе ги постигна најголемите продадени количини од времето пред распадот на Југославија и до денес многукратно ги надмина.

Периодот од 1996 до2007 година го одбележа успешниот развој на производи, кои на странските пазари веќе ги имаше конкуренцијата. Така JUB започна со производство на производи за топлинска изолација, маси за фугирање, основни и завршни  малтери, лепила, хидоизолациски премази, како и премази за дрво и метал. Дополнувања доживеа и  DIPI koncentrat, а се развија и целосна фамилија на бои под името JUPOL и тоа Citro, Gold, Brilliant, Special, Trend in Junior, а основниот стар JUPOL пак дооби назив JUPOL Classic.

 

Кадровски JUB  го зајакна и развојниот сектор, кој денес во рамки на JUB TRC вработува 37 врвни стручњаци. Негови главни задачи се развој на производите и  технологијата за завршните слоеви во градежништвото, како и оспособување и едукација на кадри, како за потребите на Групацијата  JUB, така и за надворешни партнери. Со сертификатите кои ги добива за производството на своите производи и со признанијата за нивниот квалитет, JUB со текот на времето се повеќе го зацврстува својот углед и положбата на пазарот.

JUB TRC: На 16. Април 2010 година, JUB ја одбележа 135-та годишнина од своето постоење, со свечено отворање на новиот Технолошко истражувачки центар (Tehnološko raziskovalni centаr - TRC), кој важи за еден од најмодерните во Европа.

 

На функцијата Претседател на Управата Štefan Hoyer остана сé до неговото пензионирање на крајот на 2012 година. На крајот на својата богата и успешна карира, на 15. Бизнис конференција во Порторож, ја доби престижната  награда на списанието „Finance“ за исклучителните достигања.

Така, по три децении, 2013та година ја донесе промената на лидерството во JUB, кога дотогашната Управа ги замени своите управувачки функции со надзорни. Štefan Hoyer сега ја обавува функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на претпријатието JUB-H d.d., а местото претседател на Управата пак, го превзема Sašo Kokalj, кој го продолжува делото на својот претходник.

 

45 години на бојата JUPOL Classic и фамилијата JUPOL

JUPOL Classic е внатрешна ѕидна боја, во која што потрошувачите имаат доверба веќе 45 години. таа е една од најпрепознатливите трговски марки, како во Словенија, така и на останатите пазари: хрватскиот, српскиот, босанскиот и македонскиот. Направена е на водена база, па затоа и не е штетна по здравјето и околината, а истовремено е и едноставна за употреба и одржување. Уште од почетокот JUB го прилагодува JUPOL Classic на потребите на своите купувачи, како со постојаното подобрување на рецептурата, така и с развојот на амбалажата.

Денес, фамилијата JUPOL покрај JUPOL Classic-от ги вклучува уште и JUPOL Gold New Generation со нова формула, кој JUB на пазарот му го претстави годинава и може да се нијансира во повеќе од 10.000 нијанси;  JUPOL Junior, кој од 2011 година се гордее со сертификатот за животна средина, на располагање е во шест нијанси кои нудат палета на најпопуларни нијанси за детски соби, кои по потреба можат да се дополнат со нијансите на бојата JUPOL Trend, на кој годинава му се додадени уште шест нови пастелни нијанси. Заради задоволување на посебните желби и потреби на корисниците, JUB ги разви уште и: високо покривната боја JUPOL Brilliant, бојата за блокирање на JUPOL Block како и JUPOL Citro - за заштита на ѕидовите од алги и мувла. Врвната боја JUPOL Strong е наменета за боење на оние ѕидни површини кои се многу изложени на механички оштетувања и на дамки.

139 години на претпријатието JUB

Денес JUB е модерна фабрика и позната меѓународна компанија со свои моќни трговски марки, од кои околу 75 % ги продава во странство. Со развој на свои нови производи и услуги, кои не се штетни по здравјето и околината, се стреми кон енергетски штедливи и трајни решенија во градежништвото.

Вработува повеќе од 500 вработени и има 13 зависни претпријатија во 10 држави, кои се 100 % сопственост на матичната фирма и делуваат на повеќе од 25 пазари, а во две држави има три производни погони. Се гордее со високата технологија и продуктивност, како и над просечна профитабилност.  Грижата за екологијата и околината во индустриските зони, му овозможува долгорочен развој со современи средства за производство, со способни кадри и сертификати за квалитет ISO 9001,ISO 1400 и OHSAS 18001.

Покрај наградата „Зелена мисија“, JUB неодамна ја доби и наградата „Еколошко претпријатие“, со што ја покажува својата висока свест за околината при намалувањето на загадувањето на воздухот, водата и почвата. JUB е опремен со пречистителна опрема,  го контролира управувањето со отпад и се грижи за безбедна и здрава работна и животна средина. При тоа, соработува со локалната заедница, а својата општествена одговорност и еколошката улога ја искажува со поддршка на бројни хуманитарни проекти, во кои посебно се вбројуваат градинките, училиштата и болниците, како и еколошки, спортски и културни проекти.

Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk