JUPOL празнува 50 години!

Компанијата JUB оваа година прославува јубилеј 100 години од името JUB и 50 години од брендот JUPOL. Трговскиот бренд JUPOL кој во изминатите 50 години стана синоним за квалитетни внатрешни ѕидни бои е тесно поврзан со развојот на компанијата.

Денес е најмоќна трговка марка а воедно и со најголем продажен успех, поврзана со милиони задоволни и лојални корисници од различни генерации. Тековнава 2019 година како во Словенија така и на останатите пазари каде што JUB работи преку своите компании ќе биде исполнета со прослави, бројни средби и настани. 

Во оваа прилика јубилејот ќе биде одбележен со повеќе од 5.000 километри долги патувања на JUPOL возилото низ 10 земји, со што JUB сака симболично да ги поврзе сите пазари каде што брендот JUPOL е формиран пред 5 децении.

Така да JUPOL од една држава во друга како благодарност за долгогодишната доверба на милиони корисници со гордост ќе носи  само добри мисли, желби и среќа на сите оние на кои им е најпотребна. 

JUPOL ОМИЛЕНА БОЈА 50 ГОДИНИ
JUPOL ОМИЛЕНА БОЈА 50 ГОДИНИ
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk