TAKRIL Epoxy

Двокомпонентна епоксидна боја за бетон

Опис

ТОП ИЗБОР за врвна заштита на пооптоварени внатрешни подни и ѕидни површини (гаражи и подруми), каде ни е потребна одлична отпорност на хемиско и механичко абење.

Својства:

  • Го заштитува бетонот од карбонизација
  • Врвна отпорност на CO2
  • Врвна отпорност на хемиско и механичко абење (околу десет пати поголема од најмоќните акрилни бои на водена база)
  • Во согласност со стандардот EN 1504-2
  • Обоениот филм од бојата е отпорен на разни агресивни течности

Придобивки за изведувачите / инвеститорите:

  • Долгорочна заштита
  • Можност за машинско и рачно нанесување
  • Лесна подготовка, водена основа, лесно чистење на алатот

Детали

Потрошувачка

  • 180–250 ml/m2 за двослоен нанос

 

Пред употреба, детално прочитајте го техничкиот и сигурносниот лист.

Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk