Фасаден бел и графитен EPS | JUB дооел

Фасаден бел и графитен EPS

Фасаден бел стиропор (EPS)

Експандираниот полистирен (EPS) е пареопропусен, материјал кој не е штетен за природата и околината, и кој при изолирање од темел до покрив создава здрав и пријатен простор за живеење. Куќата која е изолирана со  EPS овозможува првокласна удобност за живеење во сите временски услови и годишни времиња, оптимално изолира, не пропушта бучава и ветер. "Stiropor"  - от претставува долгорочно оптимален материјал за изолација во секакви услови, бидејќи е повеќе пареопропусен од дрвото, не „попушта„ и не ги губи изолативните својства.

 

Фасаден графитен стиропор - (EPS) 

Графитниот стиропор претставува експандиран полиститен облагороден со ситни графитни рефлекциски парченца, кои ја одбиваат топлината на сличен начин како што огледалото ја одбива светлината. На тој начин се намалува преносот на топлина, а топлотно изолациската моќ се подобрува за 20%, што помага за енергетската ефикасност на објектот. Подобрената изолативност значи, дека е потребна помала дебелина на изолацијата на фасадната обвивка на градбата, што е важно за конечниот изглед на внатрешните и надворешните полици, тераси, балкони итн. Графитниот стиропор е вистински избор кога бараме повеќе од обична изолација.  

 

Својства на белиот и графитниот EPS:

•    одличен топлински изолатор (графитниот е 20% подобар топлински изолатор во споредба со белиот EPS); 
•    ниска апсорпција на вода; 
•    постојан и траен; 
•    пареопропусен; 
•    не иритира и не се рони; 
•    има добри механички својства при помали тежини; 
•    не е штетен за околината; 
•    одлично прифаќање на лепаци и малтери; 
•    димензиски постојан; 
•    едноставен за вградување. 

 

Легенда на означување на фасадните EPS плочи

W - бел EPS

G - графитен EPS

F

фасаден EPS (стиропор)

 

W

бел EPS

 

G

графитен EPS

0

без преклоп

1

со преклоп

2

со дупки

3

со засеци

 

 

 

Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk