Санација на внатрешни ѕидови по поплава | JUB дооел

Санација на внатрешни ѕидови по поплава

Како да се санираат оштетените и натопени внатрешни ѕидови по поплава?

Одговор

Начинот на санација на внатрешните ѕидни површини, кои биле уништени во поплава, зависи од видот и големината на штетата. Посебен проблем претставуваат површините, кои подолго време биле во допир со водата, загадени со нафта, фекалии или отровни и други опасни материи. Постапката на санација на таквите површини е посложена.

При обновувачко боење на ѕидни и тавански површини во простории каде што сме соочени со најразлични дамки и последици од поплава, најпрво мораме добро да ја подготвиме подлогата за боење. Поголемиот број на дамки се водорастворливи, и се разгеадуваат со боите на водена база и со основните премази. Отсранувањето на сувите дамки е исто така сложено. Во допир со водата, овие супстанции се растворуваат во слојот од бојата, што доведува до нивна миграција низ наносот на боја за време на аплицирањето и сушењето на бојата, па така повторно се создаваат дамки. Дамките остануваат видливи не зависно од покривната моќ и бројот на нанесени слоеви на боја. 

Постапка на санација на извалкани или натопени внатрешни ѕидни површини кои не се загадени со изливање на нафта:

Чистење, дезинфекција и сушење

  • Внатрешните површини најнапред темелно се чистат. Нечистотијата ја миеме со млаз од врел раствор на универзални куќни средства за чистење, кај појаките дамки можеме да си помогнеме со триење со мека четка. Исчистените површини ги миеме со чиста вода.
  • Дезинфекција на површините, кои биле во допр со вода заразена со фекалии правиме според упатствата на надлежните санитарни служби.
  • Сушењето е најбрзо и најуспешно со уреди за сушење на простории или со интензивно греење и проветрување на просториите. Сите понатамошни постапки на санација имаат смисла дури кога влажноста на ѕидните површини ќе спадне под 5 %.
  • Евентуалните остатоци од соли, кои при сушењето останале на површината, ги отстрануваме со четкање.

Санација

  • Одстранување на слабо врзаните наноси од боја и слоеви на маси за израмнување, го правиме со пластична шпакла,  по потреба исчистените површини ги брусиме (најпогодни се брусни хартии број 80 - 120).
  • Нанесување на маси за израмнување и основен премаз: исчистените површини на оштетените места ги поправаме со маси за израмнување наменети за таа намена. Подлабоките оштетувања (длабочина до 5 cm) ги пополнуваме со масата Hobi kit или Nivelin reparatur, а поголемите и плитки оштетувања (со длабочина до 3 mm) ги израмнуваме со масата Jubolinom или Jubolinom P-25, а најмалите (длабочина до 3 mm)со Jubolin reparatur.
  • Блокада на дамки: препорачуваме еднослоен или двослоен (во исклучителни случаи и трослоен) нанос од бела внатрешна боја JUPOL Block, која во голема мера уште во првиот слој ефикасно ги врзува поголем број на лесно и брзо растворливи материи а ги неутрализира и помалку интензивните мрсни дамки.
  • Декоративно боење: JUPOL Block е погоден и за завршно боење на санираните ѕидни површини во бела боја или во пастелни нијанси. За боење во интензивни нијанси го препорачуваме JUPOL Gold, кој за Вас го нијансираме во повеќе од 10.000 нијанси во многуте JUMIX центри за нијансирање во Македонија.
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk