Обновување на стари пчеларници | JUB дооел

Обновување на стари пчеларници

Дали се имате одлучено за декоративна заштита на старите пчеларници, кои се изложени на различните временски услови

Каде што премазот од боја на површината е делумно оштетен или комплетно уништен, истиот треба да се одстрани и замени со нов. Постапката за реконструкција се врши во три чекори: 

 

  1. Припрема на подлогата
  2. Основен премаз
  3. Завршен премаз
 

 

1. Припрема на подлогата

  • Старите распукани и различни премази се отстрануваат со грубо брусење (се препорачува брусна хартија со дебелина од P-80 до P120) или со греење.

  • Потоа следи фино брусење на веќе исчистените површини (се препорачува брусна хартија со дебелина од P-150 до P-220). 

  • Нераспуканите, добро врзаните страи премази фино треба да се избрусат (се препорачува брусна хартија со дебелина од P-120 до P-180).

  • Пред боење со премаз за дрво, задолжително се одстрануваат маснотиите, остатоците од смола, и другите нечистотии. За чистење на овие нечистотии се употребува алкохол или друго специјално средство. По чистењето на сите површини на пчеларникот, истиот добро треба да се пребрише со сува памучна крпа.

  • Потенцијални грешки – пукнатини, вдлабнатини, засеци, истите се поправаат со JUBIN Akrilin kit за дрво.

  • Пред нанесување на основниот премаз, подлогата мора да биде: цвста, сува и чиста, без слабо врзани честички, прав, маснотии или други нечистотии.

 

      

 

2. Основен премаз

Кога се користи покривната боја за дрво JUBIN Decor Universal, се употребува основниот премаз JUBIN Decor Primer. Пред употреба треба добро да се промеша и по потреба истиот да се разреди со вода, не повеќе од 10 %, способноста на покривниот премаз и способностите да го блокира танинот, како и другите водорстворливи и брзозастворливи слоеви со поголем процент на разредување се намалува. JUBIN Decor Primer се нанесува со четка, ваљак или со прскање, обично се нанесува во еден слој, на цвсто дрво со висок процент на танин (даб, костен, итн.) и на помеки дрва во два наноса. Поради брзото сушење ви препорачуваме нанос без прекин, потенцијалните капки брзо треба да се разнесат по површината за истите да не се засушат. Пред вториот нанос, површината се бруси со брусна хартија, така што се отстрануваат влакната од дрвото. Ако JUBIN Decor Primer – от се нанесува во еден слој, брусењето го правиме на првиот слој на JUBIN Decor Universal (декоративе премаз).

    

 

3. Завршен премаз

3.1.    Покривно боење

Се употребува бојата за дрво  JUBIN Decor Universal, која пред употреба треба добро да се промеша и по потреба да се разреди со вода до 5 %, но не повеќе од 10 %, покривноста на бојата со разредување се намалува.

Бојата се нанесува со четка, ваљак, или со прскање, во два наноса на сува и цврста површина. Поради брзото сушење се препорачува наносот да се прави без прекин, потенцијалните капки брзо треба да се разнесат по површината за истите да не се засушат. Секоја "поправка" на бојата меѓу наносите (додавање на средства за нијансирање, разредување, итн) не се препорачува.

  

 

3.2.    Транспарентни бои за дрво

Се употребува бојата за дрво JUBIN Lasur, која пред употреба треба добро да се промеша и по потреба да се разреди со вода до 10 %, покривноста на бојата со разредување се намалува.

JUBIN Lasur бојата за дрво, се нанесува со четка, ваљак, или со прскање, во два наноса на сува и цврста површина. Поради брзото сушење се препорачува наносот да се прави без прекин, потенцијалните капки брзо треба да се разнесат по површината за истите да не се засушат. Секоја "поправка" на бојата меѓу наносите (додавање на средства за нијансирање, разредување, итн) не се препорачува.

     

 

Завршен изглед

 

Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk