"Egeo" природен мермер | JUB дооел

"Egeo" природен мермер

Со техниката EGEO постигнуваме изглед на фина површина, со многу мали релјефи, кои под одреден агол на набљудување или пад на светлина површината добива поизразит изглед. Одвај забележливата структура делува ненаметливо, но многу скапоцено како кајприродниот мермер Egeo. При вообичаената изведба на техниката Egeo, употребуваме една нијанса на Marmorin, а кај побогатата изведба ставаме повеќе различни нијанси на Marmorin, кои заедно го создаваат крајниот естетски изглед.

Техника "Egeo"
Подготовка и начин на изработка

ПОДГОТОВКА НА ПОДЛОГАТА

  1. Предбоење: подлогата треба да биде сува, цврста, без масни дамки и други нечистотии. Обезбедуваме изедначена боја на површината, по потреба пребојуваме, за да добиеме единствена нијанса на подлогата. Употребуваме бела боја.
  2. Израмнување на подлогата: со Jubolin кит (Jubolin, P25 или P50), со нерѓосувачка глетарка.
  3. Брусење на површината: честичките ги отпрашуваме со вшмукување или со фина метла.
  4. Импрегнација: со Akrilna emulzija (1:1).

Нанос на Marmorinot

со нерѓосувачка глетарка. Дебелина на наносот ~ 0,1 –0,5 mm. Ширината на наносот да биде приближно 0,5 - 1m2, но така што наносот да се испегла на соодветна дебелина пред сушењето. Должината на потезите на глетарката да бидат од 20 –30 сm. При влечењето на глетарката, скоро и да не остануваат рабови, бидејќи тие постојано се израмнуваат. Кога првиот нанос ќе се исуши, можеме да го изведеме и вториот нанос којшто треба да биде еднаков на првиот.

Изработка на структурата

Со нерѓосувачка глетарка. На чиста глетарка во тенок слој нанесуваме Marmorin. Дебелината на Marmorinot на глетарката е ~ 0,5 mm. Глетарката нежно и рамно ја поставуваме на површината. Со кружни движења Marmorinot што е ставен на глетарката, на површината полека се нанесува во облик на неправилни дамки. При тоа не притискаме и не израмнуваме многу силно. Обично при крајот на првиот нанос, истиот е сув, така што веднаш почнуваме со вториот нанос (ист како и првиот).

Завршно

Кога подлогата е потполно сува, со нерѓосувачка глетарка, нежно ги отстрануваме врвчињата на  површината. Тоа можеме да го направиме и со фина брусна хартија (гранулација 200 –300), при што внимаваме површината да не ја оштетиме. Одпрашуваме.

Marmorin Shine

Нанесуваме Marmorin Shine со синтетичка крпа, и тоа во два наноса. Кога ќе биде сув и последниот нанос, правиме полирање, исто така со чиста синтетичка крпа. Marmorinot не се пегла пред нанесувањето на Marmorin Shine, затоа крајниот изглед е полусјајна површина.

 

Алат и Материјали

Алат

  • Валјак
  • Нерѓосувачка заоблена глетарка
  • Нерѓосувачка лопатка
  • Синтетичка ткаенина - Полипропилен

Материјал

  • Marmorin
  • Marmorin Shine
  • JUPOL Gold
  • Akrilna emulzija
  • Jubolin kit (P25, P50)
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk