Одржување на фасадата JUBIZOL | JUB дооел

Одржување на фасадата JUBIZOL

Обновувачко боење

За продолжување на животниот век на JUBIZOL фасадата предвидено е обновувачко боење, кое зависи од типот на фасадниот систем. Во табелата е наведен периодот на обновувачко боење за секој од фасадните системи на JUBIZOL.

Фасада

Препорачуваме период на пребојување

JUBIZOL Standard

обновувачко боење на 15 години

JUBIZOL Comfort

обновувачко боење на 15 години

JUBIZOL Premium

обновувачко боење на 15 години

JUBIZOL Nature

обновувачко боење на 10 години

JUBIZOL Strong

обновувачко боење на 15 години

JUBIZOL Micro Air

обновувачко боење на 10 години

Фасадната површина за овој период може да избели, да се извалка, или да избледи, па со пребојувањето на фасадата ќе и го вратиме вистинскиот естетски изглед. Резултат на ненавремено обновување на боениот премаз е оштетување на самиот малтер. Трошоците за санирање на ваквите оштетувања на малтерот го надминуваат трошокот за самото обновувачко боење.

Во нашиот производен програм има најразлични фасадни бои за обновувачко боење на фасадата на мазни и рапави површини. Зависно од видот, квалитетот, староста и состојбата на фасадната подлога, може да се избере помеѓу високо или средно пареопропусни до високо или средно водоодбивни бои.

Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk