JUBIZOL Strong

фасаден систем отпорен на врнежи од град
JUBIZOL Strong

Опис

Се препорачува за објекти кои имаат потреба од зголемена цврстина на слоевите од системот, како и за објекти кај кои се бара зголемена отпорност на фасадната површина од удари и перфорација. Тоа се постигнува со обработка и двојно армирање на основниот малтер, со што се обезбедува висока отпорност на системот. Тоа пред сé се однесува на оштетувања од екстремни временски појави (град, екстремни врнежи од дожд со силен ветар), вандализам, оштетувања кои можат да ги предизвикаат домашни животни или дивеч, како и оштетувања поради големи топлински растегнувања и собирања на фасадата кои се последица на вградување на завршни малтери во потемни нијанси .

Системот Jubizol Strong е рангиран во четвртaтa, тогаш најдобрa класа во согласност со барањата на FM Approvals класа 4473 на Здружението на американски осигурителни компании за тестирање на влијанието на удари од град. Класификација која значи дека на системот не се видливи оштетувања при удари од топки мраз со дијаметар од 5 см, и со брзина на ветар од 140 км / ч,како и кинетичката енергија на 40 Ј, под прав агол на фасадата.

Карактеристики на фасадата

  • Време на гаранција 25 години (во систем со EPS);
  • висока отпорност на удар од град;
  • да 10 спрата има одлична отпорност на фасадната површина при удар и перфорација;
  • исклучителна висока пареопропусност;
  • голем избор на нијанси како и можност за вградување на нијанси со ознака Y<25 на поголемиот дел на фасадната површина, поради двојното армирање.;
  • долготрајна отпорност од заразување со алги и мувла.

Детали

  • за сите видови на масивни подлоги;
  • за топлотна изолација на нови и топлотна санација на стари станбени, деловни и други објекти со висина до 22 m;
  • изолациска подлога од Jubizol EPS-F-W0 (бел без преклоп) 1m/m2, можна е употреба на плочи и ламели од минерална волна;
  • се употребува во околина со барања за зголемена отпорност поради оштетувања од екстремни временски појави, удари од град, вандализам, оштетувања на фасадата кои можат да ги направат разни домашни животни и дивеч, па и оштетувања поради големи топлински растегања и собирања.

За системот JUBIZOL Strong е добиена Европска техничка согласност - ETA.

Документи

Својства 
Супериорни услови за живот

Состав на фасадниот систем JUBIZOL Strong

Нанос

Состав

Производ

1

Изолациска облога

Jubizol EPS-F-W0 (бел, без преклоп)

Ламели или плочи од минерална волна - за контактни фасади

Може да се употреби и Jubizol EPS-F-G0 (графитен без преклоп)

2

Лепило

Jubizol Strong Fix

3,5,7

Основен малтер

Jubizol Strong Fix

4,6

Армирање

2x Jubizol fasadna mrežica 160 g/m2

8

Основен премаз

Jubizol Unigrund

9

Завршна обработка

Jubizol Unixil Finish S 1,5 mm

Jubizol Unixil Finish S 2,0 mm

Jubizol Silicone Finish S 1,5 mm

Jubizol Silicone Finish S 2,0 mm

Jubizol Silicone Finish T 2,0 mm

За системот Jubizol Strong има добиено Европска техничка согласност - ETA. За ваквото одобрение еднаш годишно се врши контрола на производството од страна на Институтот за градежништво од Словенија - ZAG.

Jub Design Studio

Пристап

JUBIZOL Engineering

Пристап

Тон карта

Погледјате
Ви препорачуваме 
Предности на фасадниот систем JUBIZOL Strong
Тест за механичко оптоварување
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk