Ѕидна мувла во домот

Во некои соби и во бањата ми се појави мувла. Како да го решам овој проблем?

Одговор

Ѕидната мувла се појавува на површината на ѕидовите и таваните кои се слабо топлински изолирани и на местата со ладни мостови. Мувлата настанува и поради лоша хидроизолација или не доволното проветрување на внатрешните простории.

Постапка

  • Заразените површини избришете ги со мокра крпа или сунѓер.
  • КОга ќе се исушат, премачкајте ги со разредено средство за дезинфекција. Algicid Plus е безбојно средство за дезинфекција за уништување на алги и мувла на заразените ѕидни површини. Делува на голем спектар на ѕидни алги и мувла, при што зелените ѕидни алги во потполност ги обезбојува. Средството пред употреба добро протресете го, и нанесете го со четка или молерски ваљак. За површини кои се повеќе заразени препорачуваме двослоен нанос. Вториот нанос при нормални услови е можен по 8 до 12 часа. Во случај на употреба на  Algicid Plus спреј, истиот не се разредува.
  • Следниот чекор е боење. На површините кои се премачкани со средства за дезинфекција, новите декоративни и заштитни премази можат да се нанесат дури кога ќе бидат потполно суви - обично по 8 до 12 часа , од последниот нанаос на Algicid Plus. За боење на дезинфицираните површини, Ви ја препорачуваме специјалната внатрешна боја JUPOL Citro, која е отпорна на мувла, а при нанесувањето, просторот го исполнува со мирис на лимон. Дезинфицираната површина, може да се пребои со боите JUPOL Classic или JUPOL Gold, но во тој случај во бојата треба да додадете Jubocid, средство за спречување на ѕидни алги и мувла.

 

Превентивно, појавата на мувла може да се спречи со проветрување на просториите повеќе пати на ден. Важно е да се овозможи излез на водената пареа од просториите. Релативната влага во просториите не смее да биде повеќе од 60 %. Машините за перење и сушење добро е да се извадат од бањите. Грејните тела е најдобро да се сместат слободно во просторот, а вратите на просториите кои не се греат да бидат затворени. Тоа се некои општи правила за спречување на појавата на мувла.

Проблемите со мувла, трајно може да се решат со подобрена или додатна топлинска изолација на објекотот.

За повеќе информации обратете се на тел: 00 389 2 24 54 027.

Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk