Заштита за дрво и метал

Дрвото - дар од природата

Дрвото, во својот основен облик дава своевиден печат на присутност на природата во нашиот дом. Дрвените облоги на фасадите и во внатрешните простории, како и мебелот од природно дрво им даваат на луѓето чувство на топлина и домашна атмосфера. Но за жал, дрвото како природен материјал е подложно на стареење и на разни штетници, па затоа е потребно соодветно да се заштити и да се негува. За заштита можат да се употребат лазурни премази, со кои заради нивната провидност останува видлива текстурата на дрвото, или пак покривни бои со различна нијанса, кои ни се на располагање во JUMIX системот.

 

Заштита на дрвото

Лазурните премази JUBIN со проѕирните микропигменти продираат во дрвото заедно со врзивото и го штитат од надворешни влијанија, а истовремено му го одржуваат природниот изглед. Дрвото, кое е изложено на атмосферски влијанија, потребно е да се заштити од штетници - инсекти, од делувањето на микроорганизмите, како и да се избегне потенцијалното гниење и помодрување на дрвото. Компанијата JUB ви нуди исклучително ефикасен производ за заштита на дрвото − JUBIN Impregnacia. JUBIN Decor е погоден за системска заштита на дрвото, заедно со основниот премаз и им дава на обоените површини зачудувачки естетски изглед.

Заштита на метални површини

Во нашите домови често се наоѓаат и метални површини, кои се подложни на р,ѓосување, па затоа е неопходна антикорозивната заштита, а истовремено пребоената површина станува попријатна. Помеѓу производите од трговската марка JUBIN, треба секако да се издвои производот JUBIN Metal, кој одлично ги чисти металните површини без претходно нанесување на основни премази. Производот има одлични антикорозивни својства и може да се нанесува директно на р・ѓа. Во систем со JUBIN Metal primer  може да се употребува и на други подлоги како: алуминиум, цинк, бакар.

Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk