За компанијата

Групацијата JUB е меѓународна компанија, која денес има свои 11 фирми кои делуваат на 12 пазари ширум Европа и надвор од неа.

 

За нас

Во групацијата JUB се вработени 569 луѓе, од кои 343 во Словенија и 226 во фирмите надвор од Словенија (податок на ден 31.1. 2014). Имаме две производно - трговски претпријатија, во Словенија и Србија. На странските пазари извезуваме и продаваме околу 75% производи под сопствена трговска марка.

Визија

Создаваме обоена топлина во вашиот дом

"Ќе станеме водечки понудувач на бои и фасадни системи во регионот на централна и југозападна Европа. На купувачите ќе им нудиме единствени и целосни решенија, насочени кон одржлива градба, заштеда на енергија и еколошка одговорност."

Вредности

Трајните вредности, како што се: одговорен однос кон околината, рационално трошење на суровини и енергија и користење на обновливи извори на енергија, ги вклучивме во сите подрачја на делување на претпријатието JUB. Исто така, голем дел од сопствените потреби за енергија ги покриваме од обновливи извори:

  • имаме сопствена хидроцентрала со моќност од 180 kW,
  • на кровот на една од производните хали имаме сончева електрана со максимална моќност од 201 kWp
  • зградата на технолошко развојниот центар во зима се загрева, а на лето се лади со топлинска пумпа.

 Меѓу првите во нашата бранша добивме сертификат за заштита на животната средина ISO 14001, а исто така можеме да се пофалиме и со бројни сертификати за заштита на животната средина и обележја (EU Ecolabel, „Зелена мисија“ и други).

Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk