JUBIZOL Finish Summer additive

Опис
Додаток за зголемување на отвореното време за зацврстување на малтерите, се употребува со малтерите JUBIZOL Acryl Finish, JUBIZOL Unixil Finish, JUBIZOL Silicone Finish. Овозможува вградување на малтерот при високи температури од 25°C до 35°C и при ниска релативна влажност на воздухот. Со додавање на адитивот отвореното време на сите набројани малтери скоро се удвојува, зависно од условите на вградување на завршниот малтер. За дополнителна заштита се препорачува употреба на заштитни завеси при нанесувањето и сушењето, бидејќи со тоа се обезбедува дополнително смалување на влијанието на непогодните временски прилики (директно влијание на сонцето, верет или ниска влага).
Употребата на адитивот се препорачува при ветровито време и при температури од 25 до 35°C. При употребата на адитивот релативната влажност на воздухот не треба да биде поголема од 50 %. При ниски температури и висока релативна влажност на воздухот употребата на додатокот JUBIZOL Finish Summer additive не се препорачува, бидејќи со додавањето на адитивот, врмето на сушењето на малтерите многу се зголемува.
Додатокот за зголемување на отвореното време на малтерите, не ја менува избраната нијанса на малтерите.
Детали

Амбалажа
Канта 1,25 kg.
Пред употреба, детално прочитајте го техничкиот и сигурносниот лист.
Документи
