Бојата на 2023 година

Инспирацијата од природата и размислувањето за нашата планета го водеа изборот на JUB боја за 2023 година. Неговата приказна произлегува од поставената мисија: намалување на отпадот, повеќе рециклирање, повторна употреба на суровини и внимателна грижа за нашата животна средина. Така, ѕвезда на 2023 година стана небесно сината нијанса Freedom 520D.

 

Направете засолниште во вашиот дом и срце. Допрете го небото, почувствувајте ја природата и редефинирајте го вашиот дом. Нашиот дом сакаме да го претвориме во безбедно засолниште каде што можеме да се опуштиме, да заборавиме на стресот од работниот ден и да уживаме во квалитетна животна средина и време со нашето семејство.

   

   

Со преплетување на различни сини или сродни тонови од студениот спектар на скалата на бои (на пр. зелена, тиркизна) на модели на мебел, ѕидни облоги или украсни додатоци како што се завеси, теписи, перничиња, керамика со ретро дезени и растенија во затворен простор, постигнуваме смирувачки ефект и разбивање на монотонијата.

   

 

Со додавање на дополнителни потопли тонови (на пр. златна, жолта, портокалова), како што се масивно дрво, ткаени текстури од ратан, матирани брусени метали со топли тонови на бои - месинг и бакар, ткаенини од огнени и сончеви нијанси, внесуваме поголема разновидност и драматичност во амбиентот.

 

Новосоздадените и искористените природни парчиња додаваат богатство на чувство и безвременски квалитет на вашиот простор. 

   

   

 

Природата ни дава живот, да ја зачуваме. Клучно за нас е создавањето пријатен простор за живеење за моментите кои ве поддржуваат во животот. Во JUB со добиениот сертификат EU Ecolabel, кој го зема во предвид целиот животен циклус на производот (LCA) и обезбедува намалување на неговото влијание врз животната средина, поддржуваме одржлив развој за нашата планета - нашиот дом. Природата не е само извор на инспирација, таа е живот. За вас го зачувавме во небесно сино.

   

   

      

 

 

Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk