JUBIZOL EPS F G0 SunStop

Сив EPS со бел завршен премаз

Опис

EPS-EN 13163-L2-W2-T1-S2-P5-DS(N)2-DS(70,-)1-BS115-TR150-CS(10)70

Плоча од експандиран полистирен (EPS) со додаток на графит, со завршен бел негорив премаз за полесно вградување на топлинска изолација на фасади при новоградби или доизолација на фасадни ѕидови.

Премачканата графитна плоча, овозможува полесно вградување на графитниот фасаден стиропор на фасадата, бидејќи белиот завршен слој спречува извиткување на плочите предизвикано од зрачењето на сонцето. При повисоки температури ја намалува температурата на површината во однос на класичната графитна плоча за приближно 30 %. Производот е класифициран во Европска класа E (λ = 0,032). Специјалноста на графитниот EPS се вградените парченца графит, кои ја одбиваат топлината и со тоа значајно го смалуваат преносот на топлината. Во однос со белиот EPS при еднакви дебелини на изолацијата, подобрена е енергетската ефикасност за 20%. 

Својства

  • 20% подобар топлински изолатор во споредба со белиот EPS;
  • одличен топлински изолатор;
  • мало впивање на вода;
  • постојан и траен;
  • има добри механички својства при мали тежини;
  • ја намалува можноста од настанување на површинска кондензација на внатрешните страни од фасадните ѕидови;
  • заштита од поголеми дилатациски движења;
  • оптимална и економична топлинска заштита на надворешни ѕидови;
  • не е штетен за околината.

Предност при вградување

  • одлично прифаќање на лепила на основни малтери;
  • димензиски стабилен;
  • не иритира и не се рони;
  • едноставен за вградување.

 

Детали

Tехички податоци 

  • ширина / должина: 500 / 1000 mm;
  • дебелина на плоча: 60 до 200 mm;
  • коефициент на топлинска спроводливост λ: 0,032 W/mK;
  • коефициент на дифузиски отпор на водена пареа μ: 20 - 40;
  • класа на огноотпорност (EN 13501-1): E 
  • цврстина на затегање под прав агол на површината: 150 kPa.

 

Пред употреба, детално прочитајте го техничкиот и сигурносниот лист.

Документи

Својства 
JUBIZOL sistem
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk