"Classic" фино заматени линии

Со техниката CLASSIC постигнуваме изглед на фино заматени линии, кои меѓу себе создаваат нежен примерок. Примерокот меѓусебно се прелива меко и со помалку остри линии, со што се постигнува чувство на длабочина. Моментално интересен и модерен е изгледот на сиров бетон, кој можеме да го доловиме со палетата на сивите нијанси на Marmorin.

Техника "Classic"
Tehnika "Classic"

 

 

Подготовка и начин на изработка

ПОДГОТОВКА НА ПОДЛОГАТА

  1. Предбоење: подлогата треба да биде сува, цврста, без масни дамки и други нечистотии. Обезбедуваме изедначена боја на површината, по потреба пребојуваме, за да добиеме единствена нијанса на подлогата. Употребуваме бела боја.
  2. Израмнување на подлогата: со Jubolin kit (Jubolin, P25 или P50), со нерѓосувачка глетарка.
  3. Брусење на површината: честичките ги отпрашуваме со вшмукување или со фина метла.
  4. Импрегнација: со Akrilna emulzija (1:1).

НАЧИН НА ИЗРАБОТКА

Нанос на Marmorinot

Со нерѓосувачка глетарка. Дебелина на наносот ~ 0,1 –0,5 mm. Површината на наносот да биде ~ 0,5 - 1 m2. Материјалот на површината се нанесува во релативно тенок слој. Marmorinot со глетарка се распоредува по површината „се втиснува“, развлекувајќи го кон аглите во многу тенок слој. Со тоа се постигнува спојување, при кое преклопувањето помеѓу наносите е незначително, а преодите се помеки. Структурата на примерокот по првиот нанос се уште не е изразита.

Нанос на - 2. слој

На ист начин го нанесуваме и 2 слој на Marmorin.

 

Завршен нанос на Marmorinot

измазнување со нерѓосувачка глетарка. Дебелина на наносот ~ 0,1 –0,5 mm. Marmorinot се нанесува со поголем притисок на глетарката врз подлогата, со тоа паралелно со нанесувањето се постигнува завршно измазнување на површината. Дополнително измазнување со заоблена глетарка не е потребно, бидејќи добиваме делумно сјајна површина низ која на одредени места добиваме чувство на длабочина и истовремена благородност на површината. Висок сјај на површината можеме да постигнеме со дополнително измазнување на веќе сувата површина. Сјајот ќе биде многу висок, бидејќи целата површина е доволно мазна и рамна, што помага при создавањето на впечатокот на длабочина.

Завршно

како завршна заштита на површината, го користиме премазот Marmorin Shine. Нанесувањето го правиме следниот ден на потполно сув Marmorin, со синтетичка крпа. За потполна заштита препорачуваме 2 пати нанос на Marmorin Shine. Доколку сакаме изразит блесок, полираме со синтетичка крпа до висок сјај

Алат и Материјали

Алат

  • Валјак
  • Ariless
  • Нерѓосувачка лопатка
  • Полипропиленска крпа
  • Нерѓосувачка заоблена глетарка

Материјал

  • JUPOL Gold
  • Marmorin
  • Jubolin kit, P25, P50
  • Marmorin Shine
  • Akril emulzija
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk