"Spatolato" природна структура на мермер | JUB дооел

"Spatolato" природна структура на мермер

Со техниката SPATOLATO постигнуваме изглед на длабочина на природен камен и прекршени сегменти во самиот камен. Мермерот во природата е полутранспарентен камен, а нијансите му ги даваат минералните примеси и друго. Со големиот избор на нијанси, можеме многу да се приближиме до саканата нијанса, а пак со избраната техника SPATOLATO и на природната структура на мермерот.

Техника "Spatolato"
Tehnika "Spatolato"
Подготовка и начин на изработка

ПОДГОТОВКА НА ПОДЛОГАТА

  1. Предбоење: подлогата треба да биде сува, цврста, без масни дамки и други нечистотии. Обезбедуваме изедначена боја на површината,по потреба пребојуваме, за да добиеме единствена нијанса на подлогата. Употребуваме бела боја.
  2. Израмнување на подлогата: со Jubolin кит (Jubolin, P25 или P50), со нерѓосувачка глетарка.
  3. Брусење на површината: честичките ги отпрашуваме со вшмукување или со фина метла.
  4. Импрегнација: со Akrilna emulzija (1:1).

Начин на изработка

Нанос на Marmorinot

(1 рака) со нерѓосувачка глетарка. Дебелина на наносот ~ 0,1 –0,2 mm. На глетарката ставаме малку Marmorin, кој со различни движења и во тенок слој го нанесуваме на површината. Вишокот на материјалот веднаш го собираме, така што на ѕидот останува саканата дебелина на наносот. При структурирањето на Marmorin Spatolato техниката, важна е насоката на работење. Ако нанесуваме од горе надолу, изгледот е поостар. При нанесување на Marmorinot во правец од доле нагоре, линиите во конечниот изглед се помеки.

Нанос на Marmorinot

(2 и 3 рака) движењата се како и кај првиот нанос. Предходниот нанос мора да биде сув пред следниот. Кога ќе биде аплициран и последниот нанос на Marmorin, чекаме подлогата потполно да исуши. По потреба меѓу наносите, површината лесно ја брусиме со брусна хартија во гранулација од 300 и повеќе.

Израмнување на површината

кога подлогата е потполно сува, со метална глетарка површината се мазни. Најпрвин лесно а потоа поинтензивно и со поголемо притискања по површината. Потезите треба да бидат во сите насоки. Површината поминува од полусјајна во многу сјајна и со голема длабочина. Со измазнување добиваме поголем контраст, затоа што на места на веќе измазнетиот Marmorin нијансата е потемна и блескава а во вдлабатините е матирана и по светла.

Завршно со премазот Marmorin Shine

за постигнување водоодбивност и поголем сјај, Marmorinot се премачкува со Marmorin Shine. Со тоа постигнуваме помала чувствителност на површината на контакт, прав, маснотии, вода и сл.

Алат и Материјали

Алат

  • Валјак
  • airless
  • Синтетичка ткаенина
  •  Нерѓосувачка лопатка
  • Нерѓосувачка заоблена глетарка

Материјал

  • JUPOL Gold
  • Akrilna emulzija
  • Marmorin Shine
  • Jubolin kit (P25, P50)
  • Marmorin
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk