Историја на компанијата JUB | JUB дооел

Историја на компанијата JUB

Почетоци

Почетокот со производството на минерални малтери и бои е во далечната 1875 година, кога Виктор Гале, сопственик на мелници за жито, почнал да меле различно обоени минерали, таканаречени земјани бои. Најчести суровини за добивање на ѕидни бои во тоа време биле саѓи, црвена креда, јаглен, вар, моливи, железо и други оксиди. Со цел да се обезбеди подобро прифаќање на овие бои за површината, подоцна им биле додавани масла, масти и други материи, кои денес ги нарекуваме врзива.

 

 

 

Периодот до 1945

Низ историјата, JUB го развиваше производството низ повеќекратна замена на сопственоста на компанијата. Помеѓу двете Светски војни JUB веќе беше призната фабрика за бои, која своите производи ги продаваше по целото Кралство Југославија. За време на Втората Светска војна, фабриката еден период не работеше, а по војната беше обновено целото производство, кое за десет години повторно го достигна нивото кое го имаше и пред војната.

 

  

 

Периодот до 1990

По војната следеше стабилен развој на компанијата, која кулминира во 1990 година со рекордно производство од 50.000 тони, и со 60% удел на пазарот во поранешна Југославија во областа на дисперзивни бои.

 

 

 

 

 

Периодот до 2010

Со распадот на Југославија и осамостојувањето на Словенија, JUB го доживеа еден од најтешките периоди од својата историја. Со загуба на повеќе од половината од пазарот, мораше преку ноќ да се пренасочи на развиените и конкурентни европски пазари, а постепено се враќаше и на традиционалните пазари. Така, JUB веќе во 1996 година, повторно ги достигна продадените количини од времето пред распадот на Југославија. Со Законот на трансформација на сопственоста на претпријатијата, JUB во 1994 година стана првото акционерско друштво според Законот за приватизација во Словенија. Од аспект на обемот на производството, пресвртница претставува 2004 година, кога произведовме и продадовме магични 100.000 тони на производи, па таа година JUB го отвори и првиот сопствен производствен погон во странство – во Шимановци кај Белград, во Србија.

 

 

 

 

Периодот по 2010

Следната важна пресвртница во нашата историја беше 2010 година, кога го изградивме Технолошко истражувачкиот центар (Tehnološko raziskovalni center JUB d.o.o.) и 2012 година, кога го отворивме погонот за производство на изолациски плочи од стиропор и системските плочи JUBIZOL. Стиропорот го продаваме под сопствено трговско име EUROTHERM. Со овој чекор отворивме ново поглавје во производниот асортиман на Групацијата JUB и ја направивме нашата понуда поцелосна и ја утврдивме нашата насоченост кон долгорочна енергетска ефикасност.

 

 

 

 

Денес JUB го одликува модерно автоматизирано и роботизирано производство, висока продуктивност, еколошка свест и насоченост на производството, со сите релевантни сертификати, модерни енергетски аранжмани, најмодерен сопствен развој на производи и информатичка технологија, највисок бонитетен ранг, висок работен и социјален стандард на вработените. Цврсто веруваме во соработка и одржлив развој.

 

 

Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk