"Acero" релјеф на кожна површина | JUB дооел

"Acero" релјеф на кожна површина

Со техниката Аcero постигнуваме релјефен излед на кожна површина, или ситна структура како кора на јавор. Како завршен слој можеме да нанесеме врста на материјали кои му даваат посебна патина на конечниот изглед. Завршните премази соодветно ги разредуваме за нанесување со четка.

Техника "Acero"
Подготовка и начин на изработка

ПОДГОТОВКА НА ПОДЛОГАТА

  1. Предбоење: подлогата треба да биде сува, цврста, без масни дамки и други нечистотии. Обезбедуваме изедначена боја на површината, по потреба пребојуваме, за да добиеме единствена нијанса на подлогата. Употребуваме бела боја.
  2. Израмнување на подлогата: со Jubolin kit (Jubolin, P25 или P50), со нерѓосувачка глетарка.
  3. Брусење на површината: честичките ги отпрашуваме со вшмукување или со фина метла.
  4. Импрегнација: со Akrilna emulzija (1:1).

Начин на изработка

Нанос на Marmorinot

со нерѓосувачка глетарка. Дебелина на наносот ~ 2 –3 mm. површина на наносот е 0,5 –1 m2.

Изработка на структурата – фолија

Се обликува со PEHD фолија (шумлива фолија). Структурирањето на примерокот мора да се направи пред Мarmorinot „да повлече“, во подлогата и почне да се згуснува или да прави површинска кора. Структурата ја обликуваме на мокро, за најлесно да ја добиеме саканата структура. Фолијата ја оставаме на површината 10 min. или повеќе, при норманлни услови за работа. Со тоа добиваме правилно обликување на Мarmorinot на површината. Воздухот го истиснуваме од средината кон краевите на фолијата со метлица за тапети или со синтетички сунѓер.

Нанос на Glamour

по потреба го разредуваме со вода до 5% (дозволено е само при употреба во комбинација со Marmorin), но само ако наносот на Marmorinot е потполно сув (24 часа при нормални услови за работа). Првиот мајстор нанесува со широка четка, а вториот мајстор со синтетичка крпа симнува 1/3 од наносот.

 

Алат и Материјали

Алат

  • Фолија PEHD
  • Валјак
  • Четка
  • Нерѓосувачка заоблена глетарка
  • Нерѓосувачка лопатка

Материјал

  • Marmorin
  • Glamour
  • JUPOL Gold
  • Akrilna emulzija
  • Jubolin kit (P25, P50)

Jub Design Studio

Пристап

Тон карта

Погледјате
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk