Системи на управување

Политиката на заштита на околината, здравјето и безбедноста е составен дел на деловната политика и организационата култура на претпријатието JUB. Квалитетот на производите и услугите и постојаното подобрување на процесите се помеѓу клучните стратешки определби на претпријатието. При реализирањето на овие определби не води интегриран систем на управување со стекнатите сертификати и стандарди.

ISO 9001: 2008

Во 1998 година компанијата JUB доби сертификат за Стандард на системот за управување со квалитет. Добиениот стандард значајно помогна кон ефикасно управување со процесите и кон обезбедување на квалитет на производите, а со тоа и кон зголемување на задоволството на нашите купувачи при користењето на нашите производи и услуги.

 

ISO 14001: 2004
 

Стандардот за заштита на околината ISO 14001 компанијата JUB го доби во 2001 година. Добиениот стандард значајно допринесе кон подигање на еколошката свест кај сите вработени, вклучувајќи го и највисокото раководство. Компанијата постојано се грижи за спречување или намалување на негативните влијанија врз околината. Секоја година во годишните планови и во плановите за развој ги вклучуваме и програмите за заштита на природата. Барањата на Законодавството ги исполнуваме во целост и се стремиме кон нивно постојано подобрување. Се трудиме и како поединци да допринесеме кон зачувување на природата.
 

OHSAS 18001: 2007
 

Стандардот за систем на управување со безбедност и заштита при работа го добивме во 2006 година. Грижата за безбедност и здравје на вработените е една од најважните  задачи во претпријатието. Безбедната и здрава работна средина го зголеми задоволството на вработените. Работниците се мотивирани сами да се грижат за својата безбедност и здравје при работата. Своите забелешки и сугестии им ги  соопштуваат на своите претпоставени, на инженерот за заштита при работа, или анонимно на својот управник.

ПРОГРАМА ЗА ОДГОВОРНО ОДНЕСУВАЊЕ

Кон Програмата за одговорно однесување пристапивме во 1999 година. Програмата за одговорно однесување е меѓународна доброволна иницијатива развиена и прифатена од страна на здружението на хемиската индустрија, со цел да се намалат негативните влијанија врз здравјето на вработените, да се подобри безбедноста при работа и влијанието на околината, како и вклучување на локалните заедници и нивната перцепција кон индустријата. Во рамки на одговорното однесување, ја зголемивме грижата за здравјето, безбедноста и животната средина, дополнително ги мотивиравме вработените за постојано усовршување и ја подобривме комуникацијата внатре и надвор од хемиската индустрија.

 

Certifikat POR(pdf , 63.85 KB)
ISO 9001:2008(pdf , 875.77 KB)
ISO 14001:2004(pdf , 880.07 KB)
OHSAS 18001:2007(pdf , 888.24 KB)
Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk