Хидроизолација и вградување на керамика

Целосна заштита од абење и продирање на вода

Хидроизолација претставува долготрајна заштита на површините од продирање на атмосферска вода, влага, како кај вертикалните така и кај хоризонталните правци, без оглед на тоа дали се работи за внатрешни или надворешни површини.

 

Услови за квалитетно живеење

Водата, влагата или било какво друго протекување, продира во внатрешноста на површината што создава трајно оштетување (гниење, порозност на бетонот, развој на алги итн.) во најголемиот број случаи го оштетува естетскиот изглед на површината. Исто така влажните простории ги влошуваат условите за живот и самиот квалитет на живот. Водата лесно си го наоѓа својот пат низ бетонот, пукнатините, дилатациите и останатите  недостатоци кои настануваат поради несоодветно градење.

Изведба на хидроизолацијата

Хидроизолаијата е една од најкомплексните фази при градба и обнова на објектите. Многу важна е деталната изведба и квалитетот на употребените материјали, бидејќи лошата изведба или употребата на неквалитетни материјали може само краткорочно да го реши проблемот, или пак потполно да ја влоши состојбата (проблемот само се прикрива и ја попречува навремената санација)

Сите информации за постапката за вградување можете да ги најдете во приложената брошура.

 

Програмот JUB Design Studio, на типски објекти ви го олеснува бирањето на бои и текстури.
При купување на JUBIZOL фасадниот систем, пресметката за вашиот објект е бесплатна.
Контакти JUB Design Studio: JUB дооел Скопје; бул. Јане Сандански бр.79а-3; 1000 Скопје; Т:++389 2 2454 027, Е: jub@jub.com.mk